КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ЗАДАЧИ НА ДИСПЕЧЕРОТ?

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ЗАДАЧИ НА ДИСПЕЧЕРОТ?

Главната задача на диспечерот е да го следи движењето на возилата, осигурувајќи дека секоја
задача е извршена во согласност со барањата, сообраќајните прописи и поставените стандарди.


// основни задачи на диспечерот
Диспечерот е задолжен за организирање на маршрути и распореди на возење на возилата, а исто
така решава проблеми и итни случаи кои можат да се појават при возење, како и сите проблеми
кои можат да настанат при товарење или истовар.


Тој е во постојан контакт со возачите за да ги реши сите проблеми или пречки кои може да се
појават на патот. Дополнително, може да се каже дека тој е главниот и често единствениот извор
на информации на возачот поврзан со работната задача што треба да ја изврши. Возачот му
верува дека покрај тоа што ќе му обезбеди квалитетни информации врз основа на кои ќе си ја
врши работата, диспечерот ќе го договори и најдобриот финансиски надомест за договорената
работа и транспортната услуга.


Со сигурност можеме да кажеме дека диспечерот е првенствено позиција во продажниот сектор.


Бидејќи и покрај тоа што диспечерот не продава физички производ, тој мора да биде добар
преговарач за да се договори со страната на која и е потребна транспортната услуга најдобар
можен паричен надоместок и повторно во рамките на сообраќајните прописи, специфичните
барања кои се потребни за транспорт на одредена стока и секако расположливото работно време
на возачот.

 

© By Continental Dispatch Academy 2023


Сподели нѐ


Контактирајте нѐ

+389 70 414 666

E-пошта

contact@continentaldispatchacademy.mk

Нашите локации

Штип Скопје

Кавадарци

Чикаго

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ


Претплати се веднаш!

Биди првиот што ќе дознае кои се нашите промоции и попусти!


Copyright © 2024 Continental Dispatch Academy — All rights reserved!

Designed by Creative Media